| четврток, 6 декември 2018 |

Среде бел ден драма на улицата „Рузвелтова”

Вчера среде бел ден, во најраздвижениот дел од денот, во 15.20 часот, се одвивала драма во менувачница на улицата „Рузвелтова“ во Скопје. Полицијата информира дека непознат сторител извршил разбојништво во обид така што со закана пиштол кон сопствениците мислел дека ќе го земе дневниот промет од Г.П. и Т.П. а откако Г.П. му се спротивставила и го вклучила алармот, истиот побегнал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top