| четврток, 6 декември 2018 |

Паричката не ги посака политичарите !

Според народните обичаи паричката се чува во вино. Се верува дека на оној кој што му се паднала, ќе го следи среќа и бериќет цела година.

Само претседателот Иванов и градоначалникот на Скопје Трајановски имаа среќа за време на бадниковата вечера кога се кршеше свеченото лепче со скриена паричка. Останатите топ политичари среќата ја поделија со своите наблиски. Во домот на премиерот паричката се падна кај ќерката Анастасија, а  синовите имаа најмногу среќа  во домовите на собранискиот спикер  Велјановски и лидерот на опозицијата Црвенковски. Од останатите членови на семејство на политичари  само еден родител имал среќа при делењето на бадниковото лепче – таткото на министерката за култура, Елизабета Канческа – Милевска. Господ имал најмногу среќа во домот на претседателката на комисијата за односи со верките заедници, Валентина Божиновска,  пренесува ТВ Сител.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top