Турција е подготвена од програмите на средните училишта да ја исфрли Дарвиновата теорија на еволуцијата, како би ги сочувала локалните и национални вредности. Како што пишува Раша тудеј, Турција со тоа ќе стане втора предоминантна муслиманска земја која донела таква одлука, после Саудиска Арабија.
Турските наставници тврдат дека Дарвиновата теорија премногу е комплексна за тинејџерите и би требало да почекаат до факултет како би можеле да се соочат со таков секуларен научен дискурс. Одлуката за тоа би требало да стапи на сила од 2019 година.
-Ги исфрливме контраверзните предмети за учениците кои се на возраст во која не можат да ја разберат проблематиката-рекол функционер на Министерството за образование, Алпасан Дурмуш.
Според неговите зборови, со исфрлање на Дарвиновата теорија сила ќе добијат локалните и националните вредности на турското општество, а таа одлука ја поддржал и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
Се наведува дека таквата одлука е последица на желбата на власта да го намали влијанието на секуларизмот кој го воведе основачот на модерна Турција, Кемал Ататурк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.