„Балкан енерџи“ продолжува бесплатно да ги приклучува исклучените потрошувачи на мрежата за снабдување со топлина во Скопје, но со изјава дека ако повторно се исклучи, потрошувачот финансиски ќе надомести за оваа услуга.
– Трошокот за приклучување, по основа на монтажа, нема да му биде наплатен на потрошувачот доколку не се исклучува во иднина. Но, при пополнувањето на Барањето за приклучување, мора да се пополни изјава за согласност дека во иднина кога ќе реши да се исклучи од дистрибутивниот систем, ќе го надомести трошокот за исклучување како и трошокот за приклучување, кој во моментов е бесплатен – соопштуваат од компанијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


