| четврток, 6 декември 2018 |

Дај Боже да изградите нешто, па да видите што значи изградба

Из­град­ба­та на Ста­ри­от те­а­тар бе­ше ед­на од те­ми­те за кои се го­во­ре­ше во еми­си­ја­та „Отво­ре­но“, ко­ја, за жал, бр­гу е пов­ле­че­на од „Jут­јуб“

Ста­ри­от скоп­ски те­а­тар е дел од ко­ле­ктив­на­та ме­мо­ри­ја на скоп­ја­ни. Не­го­ва­та из­град­ба бе­ше остро кри­ти­тку­ва­на за­ед­но со дру­ги­те про­е­кти на Ми­ни­стерс­тво­то за кул­ту­ра од Ро­берт Ала­ѓо­зов­ски и до­де­ка бе­ше во опо­зи­ци­ја ка­ко пре­тсе­да­тел на Ко­ми­си­ја­та за кул­ту­ра во не­го­ва­та пар­ти­ја, а про­дол­жи и се­га. Ми­на­та­та не­де­ла во де­ба­та во еми­си­ја­та „Отво­ре­но“ учес­тву­ваа Ели­за­бе­та Кан­че­ска – Ми­лев­ска и Ро­берт Ала­ѓо­зов­ски, но, за жал, тие што не ја гле­да­ле иста­та ве­чер им е скра­те­на мож­но­ста да ја ви­дат на „Јут­јуб“ би­деј­ќи ви­де­о­то од еми­си­ја­та сто­е­ше са­мо ку­со вре­ме. Во јав­но­ста на­ста­пот на Кан­че­ска – Ми­лев­ска бе­ше оце­нет ка­ко су­пе­ри­о­рен и, мо­же­би, тоа е при­чи­на­та што еми­си­ја­та не мо­же да се ви­ди. Ед­на од те­ми­те за кои се го­во­ре­ше бе­ше про­е­ктот „Скоп­је 2014“ , но при­тоа не се наг­ла­си де­ка про­е­кти­те на Ми­ни­стерс­тво­то за кул­ту­ра се са­мо не­кол­ку во рам­ки­те на „Скоп­је 2014“.

– Ми­ни­стерс­тво­то за кул­ту­ра во про­е­ктот „Скоп­је 2014“, тоа ќе го ви­ди и ко­ле­га­та Ала­ѓо­зов­ски се­га ка­ко ми­ни­стер, се ја­ву­ва ка­ко ин­ве­сти­тор на не­кол­ку про­е­кти што се на­о­ѓа­ат во про­гра­ма­та на Вла­да­та. Тие про­е­кти се јас­но пре­зен­ти­ра­ни што ќе се ре­а­ли­зи­ра, во кој пер­и­од ќе се ре­а­ли­зи­ра и за тоа мо­же да се де­ба­ти­ра и мер­ли­во да се ви­ди: што е тој про­ект што бил ве­тен, за кој гра­ѓа­ни­те да­ле до­вер­ба, да­ли се ре­а­ли­зи­рал, од ко­ја при­чи­на не се ре­а­ли­зи­рал …Не мо­же пре­ку про­е­ктот „Скоп­је 2014“ да се кри­ти­ку­ва Ми­ни­стерс­тво­то за кул­ту­ра. Ми­ни­стерс­тво­то во тој про­ект е вклу­че­но ка­ко ин­ве­сти­тор на из­град­ба­та на Ста­ри­от те­а­тар, Му­зе­јот на ма­ке­дон­ска­та бор­ба, из­град­ба­та на кон­церт­на­та са­ла на Ма­ке­дон­ска­та фил­хар­мо­ни­ја, на Ар­хе­о­ло­шки­от му­зеј и тоа на ен­те­ри­е­рот, са­ма­та град­ба не сме ја гра­де­ле, спо­мен-ку­ќа­та на То­ше Про­е­ски, Те­а­та­рот во Ве­лес, спо­мен-ку­ќа­та на Мај­ка Те­ре­за. Тоа се тие про­е­кти за кои ние, ка­ко Ми­ни­стерс­тво за кул­ту­ра, се ја­ву­ва­ме ка­ко ин­ве­сти­то­ри и јас мо­жам да го­во­рам за транс­па­рент­но­ста на тие про­е­кти, ве­ли по­ра­неш­на­та ми­ни­стер­ка Ели­за­бе­та Кан­че­ска-Ми­лев­ска во де­бат­на­та еми­си­ја „Отво­ре­но“.

Ала­ѓо­зов­ски твр­ди де­ка е три­па­ти зго­ле­мен га­ба­ри­тот на те­а­та­рот од ори­ги­нал­на­та за­мис­ла, де­ка се про­би­е­ни вре­мен­ски­те ро­ко­ви, се над­ми­нал из­но­сот од пр­вич­ни­те шест на 36 ми­ли­о­ни евра…Но, ов­де бе­ше истак­нат по­да­то­кот де­ка мал­ку­ми­на зна­ат де­ка идеј­но­то ре­ше­ние бе­ше из­бра­но ток­му од по­ра­неш­ни­от ми­ни­стер Бла­гој Сте­фа­нов­ски и де­ка ста­ну­ва збор за ре­ше­ни­е­то на Јо­ван Сте­фа­нов­ски – Жан и де­ка про­е­ктот е са­мо за ка­ра­би­на.

– Во кон­та­кти со гра­ѓа­ни­те доз­на­вам де­ка тие во­оп­што и не зна­ат де­ка ние сме ја нас­ле­ди­ле из­град­ба­та на Ста­ри­от те­а­тар. За те­а­та­рот прет­ход­на­та Вла­да и ко­ле­га­та Бла­гој Сте­фа­нов­ски, кој бе­ше ми­ни­стер за кул­ту­ра, уште то­гаш има­ше об­ја­ве­но кон­курс за идеј­но ре­ше­ние за из­град­ба на Ста­ри­от те­а­тар. Идеј­но­то ре­ше­ние што е из­бра­но е на Јо­ван Сте­фа­нов­ски – Жан и врз ос­но­ва на тоа е про­дол­же­на из­град­ба­та на Ста­ри­от те­а­тар. Има­те мно­гу по­греш­на ин­фор­ма­ци­ја. Те­а­та­рот се гра­ди врз ос­но­ва на де­та­лен ур­ба­ни­стич­ки план. До­би­ва мар­кич­ка и врз ос­но­ва на таа мар­кич­ка се изра­бо­ту­ва идеј­но ре­ше­ние. Ко­га об­ја­ву­ва­те кон­курс за идеј­но ре­ше­ние мо­ра да до­ста­ви­те план од де­тал­ни­от ур­ба­ни­стич­ки план за се­кој што кон­ку­ри­ра да го знае га­ба­ри­тот. Зна­чи, спо­ред ова, во­оп­што не­ма про­ме­на на га­ба­ри­тот. Ко­га ќе об­ја­ви­те кон­курс, мо­ра да об­ја­ви­те из­вод од план на де­та­лен ур­ба­ни­стич­ки план, кој го­во­ри за го­ле­ми­на­та на мар­кич­ка­та. И ни­кој не мо­же да ра­бо­ти над­вор од таа мар­кич­ка. Би­деј­ќи, прет­ход­но, пред да об­ја­ви­те тен­дер, во ко­ја би­ло фа­за, мо­ра да има­те одо­бре­ние за град­ба и мар­кич­ка­та во на­ме­на­та мо­ра да би­де за деј­ност од об­ла­ста на кул­ту­ра­та – по­јас­ни Кан­че­ска-Ми­лев­ска.

Зна­че­ње­то на Ма­ке­дон­ски­от на­ро­ден те­а­тар е огром­но. Ту­ка, прв­пат на сце­на­та се проз­бо­ру­ва на ли­те­ра­ту­рен ма­ке­дон­ски ја­зик. Овој те­а­тар прв ја еман­ци­пи­ра на­ша­та кул­ту­ра во све­тот. Ту­ка се соз­да­доа опе­ра­та, ба­ле­тот и кук­ле­ни­от те­а­тар. Проб­ле­ма­ти­зи­ра­ње­то на су­ма­та упо­тре­бе­на за не­го­ва­та из­град­ба е лес­но про­вер­ли­во од це­лос­на­та до­ку­мен­та­ци­ја. Из­но­сот од шест ми­ли­о­ни евра се од­не­су­ва са­мо на про­е­ктот што го пра­вел Ма­ке­дон­ски­от на­ро­ден те­а­тар и тоа са­мо за ар­хи­те­кту­ра.

– Тој про­ект што го има ин­сти­ту­ци­ја­та МНТ не­ма ни­ту сцен­ска тех­но­ло­ги­ја, ни­ту аку­сти­ка, ни­ту ма­шинс­тво, еле­ктри­ка, ни ед­на фа­за. Има про­ект са­мо за ар­хи­те­кту­ра, за­тво­ре­на ка­ра­би­на. Тол­ку па­ри има­ле, тол­ку го на­пра­ви­ле про­е­ктот. Ко­га про­е­ктот бе­ше до­ста­вен до Ми­ни­стерс­тво­то за кул­ту­ра, про­е­ктант­ска­та ку­ќа, за тој про­ект, во сог­лас­ност со га­ба­ри­тот и во сог­лас­ност со про­е­ктот, ја нап­ла­ти­ло су­ма­та што нај­че­сто се спо­ме­ну­ва­ше во јав­но­ста. Са­мо за за­тво­ре­на фа­за, да­ли мо­же­те да ве­ру­ва­те? Са­мо за за­тво­ре­на фа­за. Во јав­но­ста па­у­шал­но се го­во­ри, без со­од­вет­на до­ку­мен­та­ци­ја за ова. Се­во ова што го го­во­рам мо­же уште утре да го про­ве­ри­те во Ми­ни­стерс­тво­то и да ѝ ги пре­до­чи­те на јав­но­ста овие до­ку­мен­ти. Дај Бо­же да из­гра­ди­те не­што, па да ви­ди­те што зна­чи из­град­ба – ре­че Кан­че­ска Ми­лев­ска.

А те­а­тар без сцен­ска тех­но­ло­ги­ја не зна­чи ни­што. Тоа и акте­ри­те и си­те што ра­бо­тат во те­а­тар го по­твр­ду­ва­ат.

– Да­ли тре­ба­ше те­а­тар? Тре­ба­ше, и тоа мно­гу. Сра­мо­та бе­ше во ед­на Ма­ке­до­ни­ја, на­ци­о­нал­ни­от те­а­тар да се­ди во ед­на ба­ра­ка од пред мно­гу го­ди­ни, а ко­ја би­ла на­пра­ве­на ка­ко при­вре­ме­но ре­ше­ние, за пет-шест го­ди­ни. Тре­ба­ше те­а­тар. Да­ли тре­ба­ше до­бар те­а­тар? Јас сум пре­сре­ќен од тех­но­ло­ги­ја­та што ја има. Од све­тил­ки­те, од чи­ги, до пла­тфор­ми, до сѐ… Ка­ко те­а­тар­ски ра­бот­ник јас сум пре­сре­ќен по­ра­ди тоа. Им се да­де шан­са на мно­гу мла­ди авто­ри да ра­бо­тат. Тоа е факт. Де­ка тре­ба­ше да се вло­жи – тре­ба­ше. Кул­ту­ра­та е наш ам­ба­са­дор во све­тот – ре­че акте­рот Ви­сар Ви­шка.

Ма­ке­до­ни­ја има из­во­нре­ден те­а­тар, си­лен умет­нич­ки по­тен­ци­јал, врв­ни умет­ни­ци, кои соз­да­доа го­ле­ми те­а­тар­ски прет­ста­ви и осво­и­ја мно­гу­број­ни приз­на­ни­ја и на­гра­ди. Од огром­на важ­ност е што на­ши­те ма­ке­дон­ски те­а­тар­ски умет­ни­ци по дол­ги го­ди­ни по­ми­на­ти во им­про­ви­зи­ра­ни об­је­кти се­га тво­рат спо­ред нај­ви­со­ки­те свет­ски стан­дар­ди.

Пишува: Невена Попов­ска
(Текст објавен во 251. број на неделникот „Република“, 23.6.2017)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top