| четврток, 6 декември 2018 |

Тешка сообраќајка во Струмичко: Две момчиња излетале од патот и паднале во река, едното загинало

Деветнаесетгодишно момче од село Турново загина, а негов врсник се здобил со тешки телесни повреди откако излетале од коловозот во речното корит на реката Струмешница, на излез од селото Дабиле.

Како што соопшти МВР, несреќата се случила околу 3 часот по полноќ.

Момчето што се здобило со тешки телесни повреди е пренесено во Медицинскиот центар во Струмица, но поради сериозноста на повредите бил префрлен во Ургентен ценатр Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Струмица

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top