Среде бел ден, во 15 часот и 30 минути, се случила драма во билетара на ЈСП. Од страна на диспечер од Јавното сообраќајно претпријатие во Единицата за известување и командување Скопје, било пријавено дека во билетара на ЈСП на улицата „Љубљанска“ во Скопје, непознат сторител извршил разбојништво во обид.
Насилникот со закана со пиштол од вработениот побарал пари. Вработениот одбил да му даде пари и по радио врска побарал помош. Во тој момент сторителот побегнал во непознат правец.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.