Објективно, одговорот на прашањето поставено во финишот на воведот на овој текст е негативен. Ниту една изјава, ниту еден чекор, ниту една анализа (освен една од весникот „Катимерини“ во која се вели дека Грција ќе има жешко лето и ќе мора да најде решение за името, кое ќе биде од интерес за двете земји) не покажува некакво поместување на позициите на Атина и на Софија. Напротив, од таму ни порачаа остро, како и секогаш, дека без решение на името и без договор за добрососедство по теркот на Бугарија, нема во НАТО, ниту преговори со ЕУ.
Згрешија ли сите западни медиуми за Македонија?
Поместувања имаше само во македонските пораки испратени од двете посети и од Скопје дека Македонија е подготвена на сѐ. Можеби лондонскиот весник „Фајненшл тајмс“ погреши во интерпретацијата на интервјуто на министерот Димитров, кое го промени од „Македонија е подготвена да го промени името за да влезе во НАТО“ во „Македонија размислува за влез во НАТО со референцата ФИРОМ“.
Но, дали сите други што го објавија првиот наслов, кој подоцна беше избришан, погрешија или знаат нешто што ние не знаеме. Сѐ уште. Дали погреши и влијателниот уредувачки колегиум на магазинот „Форин афеарс“, кој на својот профил на „Твитер“ во текстот за спорот за името објави: „За да влезе во НАТО, новата влада е подготвена да се откаже и од името Македонија“.
Сто дена молк за ситни грешки, ни сто минути за национално предавство
Македонија, иако одамна не е нормална држава, треба да го почитува периодот од 100 дена на новата влада во кој секој политички противник или критичар на владата, па дури и добронамерник, не би требало да ја напаѓа владата. И со тоа авторот на овој текст максимално се согласува. Но, го задржува правото да реагира и во првите сто дена на ситуации што нема да бидат поправени во вторите сто дена од работата на владата.
Особено затоа што три месеци и десет дена се доволен период во дипломатијата за да се направи таква штета што нема да може да биде поправена од ниту една друга влада. Сведоци сме на авантурата „Тајван“ и на признавањето од страна на владата на Љубчо Георгиевски и на нејзините партнери од ДА на островот, кој не го признаваат ни САД.
Барање помош од Атина и потпишување договор за добрососедство со Бугарија, па макар и на „македонскиот јазик, во согласност со Уставот на РМ“, не е страшна работа. Авторот на овие редови и претходно тврдел дека треба да се направи напор за приближување кон Бугарија и кон сите соседи со цел создавање пријателство на здрави основи, па дури и да загубиме нешто од таканаречените фолклорни елементи на идентитетот, иако, пошироко толкувано, и самиот идентитет е фолклорни категорија.
Дали ќе биде на македонски јазик или на македонски јазик во согласност со Уставот на РМ е сосема неважно доколку со тоа се добие силна поддршка од Софија и гаранции за влез во НАТО и во ЕУ. Меки ветувања, кои немаат никаква поткрепа, веќе не ни се потребни, ги имавме последниве 20 години повеќе од доволно.
Нивото на толеранција за разумот и за правдата не смее да падне до земја
Тоа што е реална опасност е новата влада, опиена од желбата да покаже резултати на полето на евроинтеграциите и охрабрена од членките на НАТО и на ЕУ, може до толку да го „спушти гардот“ во надворешната политика, по што ќе нема враќање назад.
Откажување од македонското малцинство во Бугарија или прифаќање на некое од имињата за кои зборуваат грчките медиуми „Горна“, „Вардарска“ или „Северна“ со сите придружни елементи на идентитетскиот пакет на кој инсистира Атина ќе биде крај за македонските надежи дека Македонија, ваква каква што ја познаваме, ќе опстане и во иднина.
Ќе нема оправдување за ниту еден свесен погрешен чекор на штета на Македонија
Ваков развој на настаните, без разлика дали би дошол во првите 100 дена или во кои било сто дена од владеењето на која било влада, нема да биде удар само за македонската дипломатија, која во иднина ќе нема цврста потпора дома, како што има грчката дипломатија со „црвените линии“ зад кои стојат сите грчки партии, тоа ќе биде удар и за македонското национално чувство, по што ќе биде премногу тешко да се вратиме во живот. Ако Заев и Димитров планираат ваквите чекори, за кои се надеваме дека ќе ги нема, да ги правдаат со криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, со режимот на Груевски или со 27 април, подобро да си купат карта во еден правец затоа што за нив овде веќе ќе нема ни живот ни здравје.
Не затоа што некој ќе ги нападне или ќе им изврши атентат, туку затоа што нема да можат да живеат самите со себе кога ќе сфатат што направиле. Деновите на искушение за нив допрва почнуваат, дали ќе ги издржат притисокот од преголемите очекувања што ги наметнаа во јавноста или набрзо ќе попуштат пред притисокот од странците, кои засега им нудат само стап, без морков, ќе дознаеме набрзо. Како и секогаш во животот, ништо нема да остане скриено и никој нема да остане неказнет , особено во случај на националното предавство.
Секако, како загрижени за иднината на Македонија, сите стегаме палци и даваме поддршка за решение на спорот за името и за одлични односи со Бугарија, при што македонскиот идентитет ќе остане нечепнат. Нешто што, за жал, не му успеа ниту на големиот Глигоров, ниту на практичниот Трајковски, а уште потешко им одеше на Црвенковски и на актуелниот претседател Иванов.
(Текст објавен во 251. број на неделникот Република, 23.6.2017)
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Брегу: Проширувањето на ЕУ и поврзувањето на Западен Балкан се поврзани процеси
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО
-
Не се очекува земјите од Алијансата да распоредат ново нуклеарно оружје во Европа