Властите од Лондон обезбедиле станови во луксузен комплекс за семејствата кои го преживеале пожарот во Grenfell Tower.
Британската влада купила точно 68 станови со по една, две и три соби во комплексот на станови Кенсингтон Роу и ги наменила за луѓето кои останале без ништо после катастрофалниот пожар во кој животот го загубија најмалку 79 лица.
Владата дала 10 милиони фунти за овие станови. Во овој комплекс живеат голем број на богаташи, а поединечните цени на становите се движат и до 8.5 милиони фунти. Преживеаните од катастрофалниот пожар ќе им станат нови соседи на богаташите од крајот на јули.
Многумина од жителите од Кенсингтон Роу се бесни поради владината одлука и не сакаат да имаат „сиромашни соседи“. Некои од нив бурно реагирале и рекле дека поради новите станари ќе опадне вредноста на нивните станови. Поединци веднаш ги напраднале несреќните луѓе, обвинувајќи ги дека ја користат шансата да добијат стан кој ќе го издаваат и ќе земат пари.
„Кои се вистинските станари на Grenfell Tower? Тие ќе добијат тука станови на користење, но ќе ги издаваат на приватниот пазар“, изјавил за Daily Mail еден од богаташите од Кенсингтон Роу кој се претставил само како Ник.
Други, пак, ја поздравиле одлуката на владата.
„Многу од овие станови стојат празни. Луѓето кои се грижат за вредноста на своите станови едонставно се себични“, рекол Џејми Пол.
Со него се согласува и Еј Џеј кој рекол дека има пријатели кои живееле во опожарената зграда.
„Пожарот беше ужасен. Им помагавме на пријателите таму. Мислам дека сите треба да бидеме еднакви“, рекол тој.
извор: точка.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.