Вечерва на платото пред Македонската опера и балет (МОБ) во 21,30 часот во рамките на Скопско лето ќе настапи култниот словенечки бенд “Лачни Франз”.
Ова е прво гостување на „Лачни Франз”во Скопје, по распаѓањето на Југославија. Скопската ппублика последен пат ги гледаше во 1985 година во МКЦ, и уште еднаш кон крајот на 1980-тите.
Пејачот и водач на групата Зоран Предин, пред три години настапуваше на „Оф-фест”, кога го најави реоформувањето на „Лачни Франз”.
Групата „Лачни Франз” е оформена во 1979 година и за кратко време стекна голема популарност на територијата на тогашна Југославија. Голема инспирација им бил словенечкиот бенд „Булдожер”, кој бил познат по текстовите со социјална и политичка сатира. Бендот има објавено девет албуми, на кои подоцна се додадени и 4 компилации, а нивна најпозната песна е „Ne mi dihat za ovratnik.
„Лачни Франз” активно настапуваше на територијата на поранешна Југославија до 1994 година, по што се повлече.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.