| четврток, 6 декември 2018 |

После Лукас се огласи и Соња – дали ги демантираа или ги потврдија шпекулациите?

Во центарот на вниманието последниве неколку дена се Аца Лукас и неговата сопруга Соња Вуксановиќ, бидејќи, според наводите на нивните блиски пријатели, тие двајцата се разведуваат. Причината за тоа, наводно е неверството на Соња, кое Аца го открил дознавајќи преку нејзината преписка со кошаркарот Марко Јариќ.

Ни Лукас ни Соња некое време не се огласуваа ниту се јавуваа на повиците на новинарите, а сега Соња објави фотографија на која се гледа дека поцрнела на одмор.

Како и Аца Лукас замина за Турција на одмор, од каде на сите им порача дека „се чувствува добро“, може да се претпостави дека тие двајцата се повторно заедно и дека паднало помирување, посебно бидејќи и двајцата се во Анталија.

Сепак ниеден од  нив не објави заедничка фотографија  со која би ги демантирале наводите за развод, па единствено што може да се заклучи е дека Соња е заљубена, што може да забележи по емитиконите со срце во очите, но не е познато дали со тоа сакала да испрати порака дека се уште е во љубов со сопругот, или како што се пишува со љубовникот Јариќ.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top