Вечерва во Театарот Керемпух во Загреб беа доделени наградите на 41-то издание на фестивалот на сатирата на кој учествуваа 15 претстави од Италија, Германја, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Македонија и Србија.
Македонскиот народен театар беше прогласен за апсолутен победник на фестивалот со претставата “Животот е прекрасен” во режија на Александар Морфов.
Македонскиот народен театар ги освои главните награди на фестивалот :
– Гран при – голема награда за најдобра претстава
– Никола Ристановски – награда за најдобра машка улога
– Николина Кујача – награда за најдобра женска улога
Од жири комисијата беше потенцирана маестралната актерска игра на целокупниот ансамбал во претставата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Београдско драмско позориште со „Зојкин стан“ гостува во МНТ
-
Београдско драмско позориште гостува во МНТ со „Зојкиниот стан“
-
МНТ се приклучи во хуманитарната акција за Сара: Сретствата од билетите од „Силјан Штркот шанца“ ќе се донираат
-
МНТ со „Кец на десетка“ гостува на фестивалот „Ин Виница веритас“