| четврток, 6 декември 2018 |

Следува сезона на отворени обувки: СТОП за испуканите петици

Испуканата кожа на петиците можете да ја третирате со само еден третман и тој да биде доволен за да се ослободите од насобраните мртви клетки.

Потребни состојки:

4 л вода
30 г сода бикарбона
масло од лаванда
камен за петици
хидратантен крем или лосион
коксово масло

Промешајте ја сода бикарбоната со врела вода и додајте неколку капки масло од лаванда. Во оваа течност, оставете ги нозете да отстојат околу 15 до 20 минути и потоа со камен за петици ослободете се од сувата кожа. Нанесете еден слој хидратантен крем на нозете и потоа кокосово масло. Најдобро е третманот да го правите пред спиење.

Повторувајте го еднаш или двапати неделно, сè додека се подобри изгледот на кожата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top