| четврток, 6 декември 2018 |

Памела Андерсон се сликаше гола во заштита на животните

pam

Актерката Памела Андерсон со години е една од најистакнатите славни активистки за заштита на правата на животните и цело време активно соработува со органзицијата Народот за етички третман на животните (ПЕТА).

Со цел уште еднаш да протестира против „ужасот на месната и млечната иднустрија“, Памела се соблече гола пред објективот на камерите.

Имено, како што објавија американските медиуми, 47-годишната русокоса „чуварка на плажата“ позираше гола, покриена само со крпа, на фотографија инспирирана од филмот на Хичкок, „Психо“.

Фотогафијата ќе биде искористена за кампања која вклучува и предупреудвање за сушата во Калифорнија што трае веќе четири години.

„Месните и млечните фарми исцрпуваат половина од изворте на вода во земјата. Борбата за животната средина не значи само покусо туширање. Обидете се и со веганство“, се вели во рекламата.

– Реките се исушени, не само за животните, тулу и за посевите кои се посадени за храна на животните на фабричките фарми, вели Андерсон во изјава објавена од интерент страницата на кампањата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top