| четврток, 6 декември 2018 |

Димитров заборава дека тој и татко му беа политички амбасадори

Никола Димитров, кој го придружува Зоран Заев во Софија, денеска изјави дека ќе биде запрена постапката за испраќање на Александар Николоски на амбасадорска позиција во седиштето на ЕУ во Брисел, сметајќи дека „случајот со Николовски нема основа за понатамошна дебата“.

Никола Димитров, кој беше политички амбасадор во САД во времето кога татко му Димитар Димитров беше политички амбасадор во Москва, смета дека мора да запре праксата за амбасадори да се испраќаат политичари.

Мислам дека во Македонија ќе мора да престанеме да се испраќаме амбасадор политичар или да се почнува со постапка за испраќање човек за амбасадор кој што е политичар пред одржување на изборите, бидејќи логиката на испраќање на некој кој ви е политички близок, особено во голем центар, е да работи со вас додека сте власт. Ние имаме неколкупати направано вакви грешки и мислам дека треба да се договориме како општество и политички систем ова да не го правиме – изјави Димитров, веројатно мислејќи на своето семејно политичко дипломатско искуство.

Концептот кој не му се допаѓа на Димитров е концептот по кој работат САД, Германија, Велика Британија, па фунцијата која му е доделена како шеф на дипломаријата, Димитров нека ја искористи за да им предочи на Трамп, Меркел и Меј дека и покрај веквната традиција во дипломатијата користат лош концепт за неговиот вкус.

 

„Нетпрес“: Никола Димитров – човек со сите политички бои

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top