Борбен авион на НАТО се приближил и кружел околу руски авион на небото во балтичкиот регион во којшто се наоѓал рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу.
Во соопштението на руското Министерство за одбрана е наведено дека Ф-16 борбениот авион на НАТО Алијансата настојувал да се приближи до рускиот авион над неутралните води на Балтичкото Море, а потоа, како што пренесуваат руските медиуми, истиот авион „бил избркан“ од руски борбен авион Су-27.
Инаку, рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, патувал кон Калининград, руска енклава сместена помеѓу Литванија и Полска, каде што деновиве ќе одржи состанок со највисоките воени лица задолжени за одбраната на оваа енклава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Избегнат поголем инцидент во скопска градинка: Извадиле пиштол и нож спремни за пресметка
-
Избегнат сериозен инцидент: Стотина полицајци се обидоа да се конфронтираат со #Бојкотирам, спречувајќи ги да протестираат пред Влада!
-
Инцидент на Тур де Франс, полициски солзавец ја прекина трката (ФОТО)
-
Инцидент на средбата Трамп-Путин (ВИДЕО)