Жената на Аца Лукас и српскиот кошаркар во Мајами, Марко Јариќ ги запознала заедничка пријателка, колешка на Аца.
Приказната за љубовниот триаголник меѓу Аца Лукас, Соња Вауксановиќ и Марко Јариќ не губи на интензитет, а секој ден нови детали ја шокираат јавноста.
Како што се зборува, Лукас направил општ лом, бидејќи станува збор за негова блиска пријателка и колешка преку која на почетокот на годинава Соња и Марко се запознале.
Се се случило во нејзината семејна куќа во Мајами, во која Марко доаѓа секогаш кога пејачката со семејството доаѓа во градот во кој и тој поседува стан. Името на пријателката не се објавува, но се претпоставува дека се работи за Лепа Брена, бидејќи таа е колешка на Лукас и поседува вила во Мајами.
-Соња во март била во Америка, и била токму со пријателката на Аца и нејзиното семејство. Кај неа дошол и Марко каде двајцата се запознале и така се почнало. Аца дознал се и можете да замислите само како реагирал- изјавил извор близок на Лукас.
Како што рекол, кога на површина избила аферата, Соња на Аца му рекла дека го запознала Марко, но дека приказнаите за нивната наводна афера се лага на злонамерни луѓе.
-Таа рекла дека се запознале, но дека се се завршило на тоа- додава изворот на српски Телеграф.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.