| четврток, 6 декември 2018 |

Фолкерот се смири со Соња – Аца Лукас ги заинтригира сите со изјава за односот со поранешната сопруга

Иако од Соња Вуксановиќ се разведе само пред неколку месеци, на големо се шпекулира за нивното помирување, а сега фолкерот долеа масло на огинот со коментарот за некогашната жена.

Имено со денови се шушка за смирување на емотивните партнери. Аца во свој стил ги искоментира нагаѓањата.

-Не сакам да зборувам за приватниот живот. Тоа е мој и проблем на Соња. Дали е всушност проблем или не е, тоа е само наша работа-рекол тој не сакајќи да ги демантира приказните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top