| четврток, 6 декември 2018 |

Во Градски парк под отворено небо: Види музика, слушни слика, добиј книга по десетти пат!

Во Градскиот парк во Скопје, под отворено небо, в четврток ќе ечи музиката на една од највлијателните музички групи на сите времиња – „Пинк Флојд“!

Јубилејниот, десетти спектакл „Види музика, слушни слика, добиј книга!!!“, ни ги носи вечните теми на музичката четворка и тоа со симфониски оркестар!

Диригирање и аранжман: Џијан Емин
Солист: Ади Имери – вокал и гитара

И годинава на подарок добивате добра книга – „За одењето по мраз“ од Вернер Херцог, а мелем за очи повторно ќе бидат ликовните перформанси, овојпат на уметниците Јулијана Гешовска и Илија Спасовски-Чендо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top