Денес денот е најдолг а ноќта најкратка. Летото ќе трае до 22 септември, кога ќе почне есента.
Рано утринава во 6 часот, 24 минути и 20 секунди ни пристигна летото во Македонија, но и во целата Северна хемисфера, додека истовремено на јужната настапува зима.
Првиот летен ден ќе трае 15 часа и 14 минути. Летото ќе трае 93 дена, а ќе заврши на 22 септември во 17 часот и 22 минути, кога календарски започнува есента.
Се верува дека почетокот на летото симболизира и време на исполнување на нашите желби но и поставување на нови цели.
Според старите обичаи овој ден треба да се искористи за почетокот на сето она што го сакаме, и нашиот успех ќе биде загарантиран.
Имено, пред појавата на христијанството, луѓето ги почитувале законите на природата и го прославувале доаѓањето на летото како ден на сонцето, оганот и почеток на новиот циклус.
Затоа денес кога почнува летото треба да започнеме да го правиме она кон што тежнееме.
Затоа, се што досега не сте почнале, а сте планирале, започнете го и ќе биде успешно, сосема сигурно! Се верува дека секоја личност која денес ќе започне диета, со леснотија ќе дојде до посакуваната линија.
Денес кога доаѓа најтоплото годишно време, потребно е да ја обновите гардеробата. Онаа старата, која не сте ја носеле претходните години, подарете ја некому. Според верувањата, со овој чин се отфрла се што е старо и непотребно, а со новата гардероба се внесува добра и свежа енергија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.