Флорентино Перез за шпанска ,,Марка” откри дека е заинтересиран во клубот да ги задржи Џејмс Родригез и Алваро Мората и ги негираше евентуалните шпекулации дека тие веќе ги спакувале куферите и биле спремни да го напуштат ,,кралскиот клуб”.
– Имаме желба во клубот да останат сите играчи, да го задржиме целиот ,,костур” на тимот за наредната натпреварувачка сезона, а нормално тука се и Мората и Родригез. Џејмс е нашe дете и пресреќни сме што игра за Реал. Не сме добиле никакви понуди за него. Исто така околу Мората, ниту некој има желба да го продаде, ниту тој сака да си оди. Сакам да ги негирам сите шпекулации дека тој поднел барање за да го напушти клубот. Зинедин Зидан е човек кој не сака да се откаже од никој фудбалер, таков беше и кога играше за Реал. Во врска околу Мбапе, тој со неговите игре е роден да настапува за Реал Мадрид. Нашиот менаџмент на клубот го следи од порано. Поради едно нешто не потпишавме со него, а тоа е дека беше премногу млад, имаше само 16 години – дециден беше Перез.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)
-
Пет гола за едно полувреме: Севилја настрада на „Сантијаго Бернабе“ (видео)