| четврток, 6 декември 2018 |

Пешевски останува верен на Металург во следните две години

Кружниот напаѓач на Металург и на репрезентацијата, Жарко Пешевски и во наредните две години ќе го носи дресот на Металург.

Така спротивно од сите шпекулации од Турција и понуди од турски Бешикташ, па и од романски Одорхеи, Пешевски ќе остане во Македонија.

26-годишниот ракометар стави потпис со кој се обврзува да го носи дресот на македонскиот вицешампион и во наредните две години.

По многуте заминувања, конечно реакција на управата на Металург и најава за создавање на конкурентен тим воочи почетокот на новата сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top