| четврток, 6 декември 2018 |

Најдобриот тенисер на сите времиња стигна со 1.100 победа во кариерата!

Роџер Федерер експресно се рехабилитираше од шокантниот пораз од Томи Хас во Штутгарт, па швајцарскиот ас попладнево рутински го стартуваше својот настап во Хале, совладувајќи го Јапонецот Сугита со 2-0 во сетови. Ривал на Федерер требаше да му беше Лу, но откако тенисерот од Тајван откажа поради повреда, на теренот се појави Сугита, кој немаше никакви шанси да приреди сензација.

Федерер доминираше од почеток до крај, триумфирајќи со 6-3, 6-1 за само 52 минути игра. Следен противник на Швајцарецот на овој турнир ќе биде Миша Зверев, кој славеше со 2-0 над Словакот Лацко.

За швајцарскиот тениски великан ова беше вкупно 1.100 победа во кариерата, со што Федерер стана само вториот кому ова му успеало, по легендарниот Американец Џими Конорс кој има недостижни 1256 триумфи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top