| четврток, 6 декември 2018 |

Деца помали од 12 години не смеат да пијат овошни сокови

На децата помали од 12 месеци не треба даим се даваат овошни сокови, освен со совет на лекари, објави Американската академија за педијатрија.

Децата и тинејџерите и натаму се главни консументи на сокови во САД, а состојбата не е многу поинаква ни во земјите на Европа.

Проблемот е што родителите ги навикнуваат децата постојано да пијат сок од шишенце, што не е добро ни за забите, па децата тогаш се навикнуваат на шеќер и не сакаат да пијат вода.

Сепак, новите насоки покажуваат дека 100 процентниот свеж сок може да биде многу здрав за добро избалансирана диета за деца постари од една година.

Академијата ги советува родителите да го ограничат количеството на сок на околу децилитар дневно за деца од година до три години, а за деца од четири до шест години количеството на сок што го пијат треба да изнесува од 1 до 1,7 децилитри. Децата од седум до 18 години не треба да пијат над 2 децилитри сок во текот на денот.

Некои сокови содржат витамини и минерали, но експертите, сепак, советуваат дека ако тоа е потребно, подобро да внесуваат калциум и витамин Д во вид на таблети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top