| четврток, 6 декември 2018 |

Лапорта открива: Пред 11 години Интер беше подготовен да плати за Меси 150 милиони евра

Поранешниот претседател на Барселона, Жоан Лапорта откри дека Интер во 2006 година бил подготвен да плати 150 милиони евра за Лео Меси. Откупната клаузула на Аргентинецот пред една деценија изнесувала 150 милиони евра и тој трансфер би бил најголемиот во историјата на фудбалот.

– Интер испрати рекордна понуда за трансфер. Тие беа подготвени да ја платата откупната клаузула. Но, брзо потоа Меси потпиша нов договор и ја зголемивме откупната клаузула на 250 милиони евра. На таткото ма Меси му реков дека ќе мора да ја платат клаузулата, бидејќи не сакам да го продадам неговиот син. На Меси судено му е да стане најголемиот играч во историјата и ветив дека Барса ќе му помогне да го постигне тоа – рекол пред 11 години Лапорта.

Со потпишувањето на новиот договор кој е извесен, Лионел Меси веројатно својата кариера ќе ја заврши во дресот на Барса.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top