| четврток, 6 декември 2018 |

Да бидеме хумани: Средствата од претставата „Не се клади на Енглези“ ќе одат за лекување на тешко болни девојка и дете

За лекување на девојка и мало дете ќе се пренаменат парите од продадените билети за претставата „Не се клади на Енглези“ што утревечер, на 21 јуни ќе биде изведена на сцената на Македонскиот народен театар (МНТ), информираат од Националниот театар.

Парите од продажбата ќе бидат наменети за лекување на малиот Гоце Марковски кој боледува од тумор на мозокот и на кој му се потребни средства за лекување, како и за 24-годишната Марина Јовановска која има итна потреба од третмани и лекарства во Берлин. Таа боледува од nystagmus и rethinopatia pigmentosa sine pigmento, кои се многу ретки болести на очите и доведуваат до слепило и во Македонија не се лекуваат.

Подетални информации околу жиро-сметките и банките депоненти, како и отворените телефонски линии за донации, може да се најдат на Фејсбук страната на Македонски народен театар.

Билетите се пуштени во продажба на билетарницата во МНТ и преку online мрежата „Купи карти за се“ по цена од 300 ден.

Отворени телефонски линии за донации: 075 143 485 / 077 143 485 / 070 143 111

Трансакциска сметка: 300007100530695 / Комерцијална банка / на име Марина Јовановска

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top