Охридскиот Народен театар во сабота, 5-ти март ќе ја изведе театарската претстава за деца и младинци „Убавицата и ѕверот“ од Шарл Перо, во режија на Ѓорѓи Ризески.
Во претставата играат Адријана Билаловиќ Тодороска, Биљана Билаловиќ Вељаноска, Павел Маслов, Филип Кипровски и Ивица Цонев.
Претставата е во Центарот за култура „Григор Прличев”- Охрид со почеток во 12.00 часот, влезот чини 100 денари.
Собраните средства од продажбата на карти ќе бидат донирани за малиот Кирил Митрески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.