Соња Вуксановиќ реши да стави точка на бракот со фолк ѕвездата Аца Лукас поради поранешниот кошаркар, Марко Јариќ, тврдат одредени медиуми.
Сопругата на пејачот наводно неколку месеци е во врска со прославениот кошаркар, а тие двајца се гледаат во Мајами, каде Марко има куќа, а каде Соња често престојува.
Како што се дознава и таа романса е на стаклени нозе. Имено пријателите на Јариќ не се одушевени со потенцијалната нова снаа, па прават се да го премислат, од таа, како што тие велат, бесмислена врска.
-Соња и Марко веќе со месеци тајно се гледаат во Мајами. Се запознаа преку заеднички пријатели, а страста се разбудила веќе при првиот поглед. Двајцата се договориле да се гледаат со максимална дискреција, далеку од очите на сопругот на Соња и Србија. Меѓутоа за нивната врска брзо се дознало во кругот на пријателите на Марко, кои од почеток беа против врската- открил извор близок на Јариќ.
-Му зборуваа дека не треба да се забавува со мажена жена и дека поради тоа можат да настанат сериозни проблеми. Марко не сакаше да ги слуша, а сега кога приказната стигна во јавноста, тој се кае што не ги послушал- рекол изворот кој додал дека Марко сега размилува за тоа дали да ја продолжи врската со Соња.
Додека Марко се премислува што да прави со новата партнерка, Лукас минува низ пекол. Шушкањата дека Соња му е неверна стигнале и до него, што само ја забрзало одлуката на Соња да се разведат. На Лукас поради новонастанатата ситуација не му се седи дома, поради што и тој избегал од Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.