| четврток, 6 декември 2018 |

Две години од убиството на Нешковски

neskoski07Две години по убиството на Мартин Нешковски, семејството бара правда и казна за убиството. На местото на убиството денеска неговото семејство и неколку невладини организации се собраа за да потсетат дека виновниците од полицискиот врв се уште се на раководни функции наместо во затвор.

Нешковски  беше убиен од „тигарот“ Игор Спасов за време на прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ. Спасов е осуден на четиринаесет години затвор.

neskoski03

-Правда за Мартин, слобода за сите. Ова што го поминавме во овие две години е голгота што ни на душманот не би му ја посакале, но немаме намера да се откажеме. Четиринаесет години е казнет Игор Спасов, но не е само тој. Треба да се види и командната одговорност и уште четири-пет луѓе кои што се активно вклучени во самото убиство, што го преместувале телото- рече Александар Нешкоски, брат на убиениот Мартин.

neskoski01

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top