| четврток, 6 декември 2018 |

Како во шпанска серија:Сопругата на Аца Лукас е во врска со Марко Јариќ?

Соња Вуксановиќ се разведува од Аца Лукас поради Марко Јариќ!

Сопругата на фолк пејачот веќе некое време се гледа со прославениот кошаркар и затоа решила да стави точка на бурниот седумгодишен брак.

Односот на Соња и Аца веќе долго време не фунционира поради неговиот избувлив карактер.

Таа долго патела поради тоа, но се се сменило кога поранешната сопруга на Жељко Шашиќ и актуелната сопруга на Лукас, не почнала интезивно да се гледа со Јариќ.

-Соња и Марко се познаваат со години, но дури пред неколку месеци почнале да се дружат и заедно излегуваат. Во почетокот ги врзуваше само пријателство, но со време почнаа да се јавуваат обострани емоции. Обичен флерт прерасна во еден убав однос полн доверба и се она што Соња го немаше со Аца-раскажал добро упатен извор.

Соња долго време ги мерела работите.

-Беше незадоволна со својот живот и односот со Аца. Откако почна да се гледа со Марко, буквално процвета. Тој и ги исполнува сите желби и и дава сила да издржи се она што ја очекува кога ќе поднесе документи за развод-објаснил изворот.

Сега Соња престојува во Мајами, каде што се наоѓа и Марко Јариќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top