Ако еден тренд се повторува веќе неколку сезони, тоа, дефинитивно, е тантелата, која само добива поголема популарност, без разлика дали е зима или лето. Затоа фустанот од тантела е секогаш добра инвестиција, со него секогаш сте во тренд.
Тантелата во обликот во кој ја познаваме денес потекнува од доцниот 15 век и со својата елегантност, префинетост и заводливост ќе биде вистински хит ова лето. Многубројни светски дизајнери ја вметнаа во своите колекции, а истото тоа важи и за модните куќи како „Зара“, „Манго“, „Х и М“…
Не ја користат сите истата тантела, ниту, пак, боја, но кај сите тантелата е незаменлив дел од сезонските колекции. Без разлика дали се работи за француска тантела или за некоја друга, важно е само да знаете како да ја комбинирате и да ја носите.
Тантелата треба да изгледа романтично, но не премногу старински, сензуално, но не со негативни конотации. И, се разбира, да биде вкусно комбинирана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.