| четврток, 6 декември 2018 |

Ка­ко да но­си­те цве­тен де­зен во есен?

Ка­ко што ве­ќе спом­нав­ме, есен­та ќе би­де во зна­кот на тем­ни­те бои и цвет­ни­те де­зе­ни. За­тоа сло­бод­но ос­ме­ле­те се да об­ле­че­те те­мен фу­стан со цве­тен де­зен во кон­траст­на бо­ја. Нај­до­бро е да го ком­би­ни­ра­те со гру­би и ма­сив­ни чев­ли или со чиз­ми

Цвет­ни­от де­зен нѐ по­тсе­ту­ва на до­а­ѓа­ње­то на про­лет­та, но тој е мно­гу по­пу­ла­рен и во есен. Оваа се­зо­на свет­ски­те мод­ни мар­ки, ка­ко „миу миу“ и „гу­чи“, до­ка­жаа де­ка цвет­ни­от де­зен не мо­ра се­ко­гаш да би­де по­вр­зан со мла­ди­те же­ни и де­вој­ки, ту­ку мо­же да им при­ле­га и на по­во­зрас­ни­те.

Овој де­зен се­ко­гаш до­а­ѓа во ком­би­на­ци­ја со тем­ни де­та­ли, а се за­бе­ле­жу­ва и вли­ја­ни­е­то на гранџ-сти­лот, што но­си но­ва воз­бу­да оваа се­зо­на и нѐ на­ве­ду­ва да го про­ба­ме овој тренд.

fall_winter_2015_2016_print_trends_floral_patterns2

Ка­ко што ве­ќе спом­нав­ме, есен­та ќе би­де во зна­кот на тем­ни­те бои и цвет­ни­те де­зе­ни. За­тоа ос­ме­ле­те се да об­ле­че­те те­мен фу­стан со цве­тен де­зен во кон­траст­на бо­ја. Нај­до­бро е да го ком­би­ни­ра­те со гру­би и ма­сив­ни чев­ли или со чиз­ми.

Со ог­лед на тоа де­ка но­ви­те мод­ни трен­до­ви на­ла­га­ат да се спо­ју­ва она што е нес­по­и­во, оваа есен сло­бод­но мо­же да го ком­би­ни­ра­те оми­ле­ни­от цве­тен фу­стан под кој ќе об­ле­че­те цр­на рол­ка.

c585d58252069d00f3fc7e2b25443ddb

Цвет­ни­те фу­ста­ни, ме­сто со не­у­трал­ни чев­ли, мо­же да ги ком­би­ни­ра­те со ефект­ни са­лон­ки во ви­о­ле­то­ва или во цр­ве­на бо­ја.

Освен со чев­ли, цвет­на­та ком­би­на­ци­ја мо­же да ја осве­жи­те со ква­ли­тет­на чан­та. Еден ква­ли­те­тен ра­нец од уба­ва ко­жа мо­же да го збо­га­ти ва­ши­от стил и да му да­де до­за шик.

Ко­га из­би­ра­те пар­чи­ња об­ле­ка со цве­тен де­зен, од­бе­ре­те ми­ни-фу­стан за­тоа што ќе ги открие ва­ши­те но­зе. До­пол­ни­те­лен со­вет е да нај­де­те мо­дел со дол­ги ра­ка­ви за да мо­же­те да игра­те со про­пор­ции.

dolce-gabbana-2014-bayan-gullu-elbise

Јак­на со цве­тен де­зен е уште ед­но клуч­но пар­че об­ле­ка за оваа есен. Таа ќе го на­пра­ви ва­ши­от стил не­фор­ма­лен, та­ка што ќе ја ком­би­ни­ра­те со фар­мер­ки и со ма­и­ца.

Црн фу­стан со го­ле­ми цве­то­ви од­лич­но ќе изг­ле­да со чев­ли со сли­чен де­зен.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top