СДСМ, партија која успеа да одземе голем број на гласови од електоратот на албанскиот политички блок, на изборите на 11 декември, престана да пишува двојазични соопштенија. Тоа го правеше само во предизборната кампања.
На прашањето на ТВ21 што се случи со соопштенијата на албански јазик, Зоран Заев не одговори директно на прашањето, туку само вети дека грешката брзо ќе биде исправена. Но, од тогаш помина еден месец.
Од ветувањето на Зоран Заев до денеска на официјалниот емаил на ТВ21 од оваа партија, не пристигна ниту едно соопштение на албански јазик. ТВ21 денеска уште еднаш го праша лидерот на СДСМ зошто неговата партија престана со соопштенија на албански јазик и колку време ќе му биде потребно да го реши овој проблем, но Заев не одговори, барем не до почетокот ова издание на информативниот магазин – објави Телевизијата.
Аналитичарот Петар Арсовски вели дека на СДСМ ќе им биде тешко да ги задржи албанските гласови, кои ги добија на минатите избори, доколку Зоран Заев не ги исполни ветувањата.
„Сигурно дека СДСМ овој гест го направи за да ги добие албанските гласови. Сега останува да видиме дали ќе може да ги задржи истите. Поради тоа што СДСМ има албански гласачи, Зоран Заев на албанскиот електорат треба да им се обрати на албански јазик. Тој дури ги прифати и точките на заедничката декларација на Албанците, што претставува причина повеќе за соопштенијата да бидат и на албански јазик“, вели Арсовски.
Заев сега со нов обид да приграби албански гласови на локалните избори. Го стави Мухамед Зекири за потпретседател на партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.