| четврток, 6 декември 2018 |

Ново издаение на манифестацијата „Празник на липите“

Манифестацијата ќе ја отвори претседателот на Организациониот одбор Владимир Мартиновски

Меѓународната поетска манифестација „Празник на липите“, Друштвото на писателите на Македонија ќе ја одржи на 22 јуни (четврток) со почеток во 10 часот.

Во првиот дел од манифестацијата, во домот на македонските писатели ќе бидат врачени наградите „Книжевно жезло“ на македонскиот поет Стојан Тарапуза и поетот од Косово Еќрем Баша.

Наградите ќе ги врачи претседателот на ДПМ Веле Смилевски, а за творештвото на Тарапуза и Баша ќе зборуваат Борче Панов и акад. Али Алиу.

Манифестацијата ќе ја отвори претседателот на Организациониот одбор Владимир Мартиновски.

На поетскиот митинг, во 12 часот, ќе настапат 28 поети со стихови посветени на Скопје и липата.

Ќе биде доделена награда за најдобра песна на митингот, а на поетесата Бистрица Миркуловска ќе и биде врачена наградата „Даница Ручигај“ за стихозбирката „Фатаморгана“. Програмата ќе ја води Александра Велинова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top