| четврток, 6 декември 2018 |

Откупот стопиран, игнорирани од владата земјоделците револтирани поради ниската цена на пиперките и краставиците

Струмичкото поле преполно со домати и висококвалитетни пиперки, но без реална откупна цена. Земјоделците веллат дека ја губат надежтанадежта дека работите ќе се мрднат од мртвата точка. Цената оваа година е поразителна.

Земјоделците се песимисти дека ќе се најде решение, бидејќи никој не ни нуди реално решение. Се сретнавме со претставнци од Министерството каде освен политичко обраќање не ни понудија реална поддршка и субвенционирана цена, велат земјоделците.

Откупот е стопиран побарувачката е слаба, велат од сојузот на земјоделци од југоситокот.

Цените паднаа, не се движат работите. Потребен е интервентен откуп на овие производи. Цената на доматот е околу 15 денари, а краставицата во струмичко се откупуваше по само 2 до 3 денари, по што новите и плантажите се преполни бидејќи земјоделците одбиваат да ги берат по вака ниски цени, но не за долго бидејќи истите ќе скапат,
велат од сојузот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top