Три девојки, меѓу кои и Француска студентка дојдена во Колумбија на рзазмена , загинаа во силната експлозија во трговски центар во Богота.
Властите сметаат дека станува збор за терористички напад.Бројот на жртви можел да биде и поголем ,со оглед на фактот дека во моментот на експлозијата на импровизираната бомба, трговскиот центар бил преполн со луѓе ,кои купувале подароци денешниот ден на таткото.
Уште 11- мина се повредени,меѓу кои и средовечна државјанка на Франција. Претседателот на Колумбија,Хуан Мануел Сантос доцна синоќа го посети рговскиот центар и рече дека станува збор за кукавички напад и побара да се пронајдат одговорните. Ги повика граѓаните да не паничат , зошто токму тоа го сакаат терористите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.