Франција денеска гласа на вториот круг од парламентарните избори. Според прогнозите на социолозите движењето “Напред, Република!” на претседателот Емануел Макрон може да освои до 80% од местата во Националното собрание (Долниот дом на Парламентот).
Ова ќе биде најголемото претседателско мнозинство во историјата на Петтата република (од 1958 года).
Втора се очекува да биде конзервативната партија на “републиканците”. Заедно со некои помали сателитски партии таа може да заработи до 90 места.
Трета треба да да биде Социјалистичката партија со 20-30 места.
Движењето “Непослушните за Франција” на Меланшон може да извојува 10-15 мандати. На дното се очекува да биде “Национален фронт” на Мари Ле Пен со 5 места.
На гласање може да излезат 67 000 избирачки . Гласањето ќе започне во 08:00 по локално време, а ќе заврши во 20:00 ч. Право на глас имаат 47 милиони гласачи. Во првиот круг гласа под половина од електоратот. Гласањето во Долниот дом е мнозински, земјата е поделена на 577 изборни окрузи, за избран се смета кандидатот кој собрал најмногу гласови во својот изборен округ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.