Јавно говорат дека сакаат медиумите да ги критикуваат, а погледнете што направија со најгледаните медиуми, оние за кои говореа дека им се најголеми непријатели, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во своето обраќање на прославата роденденот на партијата што се оддржа вечерва .
-Со суптилни закани, со СЈО, со втерување страв, со секојдневни казни на советот за радиодифузија. На најгледаните 4-5 телевизии, нема речиси ниту еден критички прилог за новата власт откако е избрана, а од 10 активности дневно на ВМРО-ДПМНЕ едвај поминува еден или два, и тоа кратко и исплашено. 80 осто од прилозите се афирмација на новата власт која „само што не го донела животот“. И најважно тоа никому сега не му пречи. Сега нема проблем со избалансирано известување, се е идеално, и веројатно на сите оние листи за слобода на медиумите Македонија наскоро ќе има раст со метеорска брзина. Не било за фер известување, туку за известување како што сакаат тие, рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер