| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: СЈО со сила, без никави докази, ќе штанца обвиненија против над 120 луѓе од партијата

СЈО со сила, без никави докази ќе штанцаат обвиненија против над 120 луѓе од партијата. Повторувам без никакви докази. Но, се надеваат дека ќе ги притиснат судиите за да судат некого без доказ дека прекршил закон. Одат на тоа да ако не принудат секој втор ден некој однас да е во суд, и тоа медиумите на долго и широко да го пренесуваат, да создадат негативна слика за нас, а ако притиснат и некој судија да осуди некој без доказ, уште подобро, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во своето вечерашно обраќање по повод 27. роденден на партијата.

– И додека сето ова се готви, немаме ниту реформи, ни просечна плата од 30 илјади денари, ни повисоки субвенции, ни 100 илјади денари плати за лекарите, ни 500 километри автопатишта, ни нови работни места, ни покана за НАТО и преговори со ЕУ, ни повисоки пензии, ниту нешто да им понудат на младите. Во нивните настапи има многу неискреност. Многу лицемерие, додворување и прикажување лажна слика. Тоа народот ќе го препознае. Ги нема ни како што тие кажуваа 600-те илјади иселени од Макеоднија да се вратат. Се „пењават“ без срам и сечат ленти на фабрики кои ние ги донесовме и во наше време се заврши се. За нови, ќе почекаме Самка, Рамиз Мерко и Шапуриќ ќе ги донеле. Ние освен што донесовме преку 100  компании кои веќе инвестираа низ Македонија, други триесетина компании ги донесовме во финиш на потпишување договор, но со Рамиз Мерко, Самка  и Шапуриќ, незнам дали некои од нив нема да ја сменат одлуката, рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top