Пожарот во струшката дива депонија е изгаснат, а со помош на расположливата градежна механизација на неколку компании се врши конзервација на отпадот. Градоначалникот Мустафа Забзун вели дека граѓаните на Струга веќе не треба да стравуваат, бидејќи ситуацијата е комплетно ставена под контрола.
Од ВМРО ДПМНЕ велат дека само гаснењето и тампонирањето нема да го решат проблемот со депонијата и бараат итна дислокација, поради опасноста наталожениот отпад да ги загади подземните води кои се влеваат во Црн Дрим и Охридското Езеро.
Доколку не се исполнат нивните барања, тие најавуваат протести и блокирање на дел од патните правци.
За идната недела, протести за затворање на депонијата и носење на сметот на друга локација најавуваат и голем број на граѓански здруженија од Струга.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


