Новиот министер за култура Роберт Алаѓозовски на својот Твитер профил се пофали дека само еден ден им требало да ја отстранат опасноста од поплава преку куполите на Чифте амам. Алаѓозовски на ова доби низа пофалби, но и реплики. Интересен и неинтересен хумор на сметка на Алаѓозвски.
Но некои гледаат подетално на работите. Па така, на социјалните мрежи беше поставено прашањето – што со безбедноста на работникот качен на кров?!
Лицето кое се качило да ја отстрани, како што вели Алаѓзовски, опасноста од поплава преку куполите на Човте амам е без никаква заштита. Прашање е колкава е безбедноста и на лицето што стои зад апаратот со кој е направена фотографијата. Битна е пофалбата, а не и безбедноста на работникот.
Се чини, во недостиг на свои проекти и конкретни чекори, Алаѓозовски смислил како да се пофали со поправката, која, според лица од Министерството, и досега редово се правела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.