Банко Црвенковски размислува повторно да се кандидира за претседател на државата, пренесува „Прес24“.
Доброупатени извори за порталот тврдат дека тоа е една од можностите кои поранешниот лидер на опозицијата сериозно ги разгледува.
Тие велат дека Црвенковски има уште многу да покаже во македонската политика и дека не се исклучува можноста наредната година токму тој да биде кандидатот што ќе ја добие поддршката на СДСМ.
Како што коментираат изворите на „Прес24“, Црвенковски веќе нема никаква пречка бидејќи откако го напушти кормилото на партијата, може да се дистанцира од партиските активности и да се посвети на претседателската функција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.