| четврток, 6 декември 2018 |

Пресврт во преговорите и конечна одлука, Рајола ја раскина врската меѓу Донарума и Милан!

Италијанскиот гигант Милан, не успеа да го убеди младиот чувар на мрежата, Џанлуиџи Донарума да го продолжи договорот со екипата.

Тимот денес излезе на прес-конференција на која потврди дека младинскиот репрезентативец и еден од најперспективните голмани во светот, нема да остане на „Сан Сиро“. Прашањето е само кога ќе биде конечното заминување, со оглед на тоа што има договор со екипата до крајот на идната сезона.

Милан може многу да заработи доколку направи трансфер во текот на ова лето или зимскиот период.

– Рајола не извести, Донарума нема да го продолжи договорот со Милан. Мораме да одиме напред, иако ова остава горчина кај нас – изјави Марко Фасоне, спортскиот директор на Милан.

Понудата до Донарума која гласеше „земи или остави“, изнесуваше 4.5 милиони по сезона со дополнителни бонуси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top