| четврток, 6 декември 2018 |

Одличен настап на Кристијан Антовски во Софија

Вчеравечер во полн салон на Музичкиот центар “Борис Христов” во Софија, солистички рецитал одржа нашиот оперски уметник Кристијан Антовски. Во пијано придружба на Андреј Наунов, Антовски се претстави со дела G. Handel, M. Glinka, P.I. Tchaikovsky, W.A. Mozart, R. Leoncavallo, G. Donizzettii, G. Verdi, а посебен интерес кај публиката предизвикаа македонските “Вардаре” од Т. Прокопиев и неколкуте аранжмански обработки од Андреј Наунов на традиционалните македонски песни “Си заљубив едно моме” и “Болен ми лежи, Миле Поп Јорданов”.
Пред бројната публика во Софија, нашите уметници ги претставија Васко Шутаров во име на КИЦ на Р. Македонија во Софија и Елена Драгостинова од име на Музичкиот центар “Борис Христов”. Концертот се одржа во рамките на Тринаесеттетиот Фестивал на уметностите на кој нашата земја, претставена од нашиот Центар во Софија, учествува по четврти пат.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top