| четврток, 6 декември 2018 |

Концерт на Милица Добај и Ема Попивода во Даут пашин амам: Специјален гостин е Наташа Сарџоска која ќе чита своја поезија

На 18-ти јуни, со почеток во 20 часот, во Националната галерија Даут Пашин амам во Скопје, солистички концерт ќе одржи сопранот Милица Добај од Црна Гора во придружба на Ема Попивода – пијано…

На програмата ќе се изведат композиции од Дебиси, Рахмањинов, Верди, Лехар, но и арии од првата црногорска опера „Балканската царица“. Во духот на фестивалската програма, Милица ќе изведе и композиции од Хатце како и арија од Шонберг од филмот “Les Miserables”.

Специјален гостин на вечерта ќе биде Наташа Сарџоска – поет и писател, која ќе чита извадоци од своите книги „Кожа“, „Тој ме повлече со невидлив конец“ и „Жива вода“ на повеќе јазици.

Концертот се реализира во рамките на Фестивалот за современа музика „Модоарс 2017“ кој е поддржан од Министерството за култура на Р. Македонија и со подршка на Националната галерија на Македонија. Влезот е слободен.

Милица Раичевич Добај е родена 1989 година во Бар, Црна Гора. Средоното музичко образование го завршува во музичките школи „Вида Матијан“ во Котор и „Васа Павич“ во Подгорица кога и се здобива со бројни награда на натпревари за млади соло пеачи. Во 2008 година се запишува на Музичката академија во Сплит во класата на проф. Нели Мануиленко од Украина. Звањето Магистар по оперска концертна изведба го стекнува во 2013 година.

Од 2011 -2013 била ангажирана како соработник на оперскиот ансамбл на Хрватскиот народен театар во Сплит, со кој учествувала во работата на оперите од Џузепе Верди, Франк Супе и Рихард Вагнер. Од големиот број на концерти во Хрватска и Црна Гора, од посебно значење се издвојува нејзиниот деби оперски настап во Хрватскиот народен театар во Сплит, во операта „Адел и Мара“.

Солистички улоги имала и во оперите „Лилјак“ и „Диоклецијан“. Соработувала со хрватските диригенти: Лорис Волтолини, Нада Матошевич, Тончи Билич, Иво Липановиц, Блаженко Јурачич и Доменико Бришки. Во јуни 2014 година го одржала и својот прв солистички концерт во Подгорица, пред дворецот на Крал Никола во Крушевац, во корепетиција на Алексеј Молчанов. Понатаму, одржува солистички концерти во Бечичи, Будва и Бар.

Во октомври 2016 година, одржува солистички концерт на необично место – во халата на поранешната фабрика Титекс, со посебен предизвик да го оживее овој амбиент низ уметност. На концертот изведува соло арии со придружба на камерен оркестар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top