| четврток, 6 декември 2018 |

Положани: Криминалецот што ѝ ја донесе на Струга оваа канцерогена бомба е награден со позиција министер

Стружанецот Шпетим Положани, еден од најистакнатите албански личности во македонската јавност, овој пат остро ги напаѓа граѓаните на Струга поради нивното нереагирање за депонијата, која во градот предизвикува големо загадување.

– Сите се сведоци на овој криминал, додека, пак, криминалецот што ѝ ја донесе на Струга оваа канцерогена бомба е награден со позиција на министер. Ајде мои стружани, ајде, сè уште не ви дојде паметот – вели Положани.

Според него, во Струга се случува злосторство.

– Мојот седумгодишен внук, чијашто куќа е на 200 метри оддалеченост од центарот на отпадот во Струга, оваа вечер ќе ја помине в болница, како и во други случаи кога дува северниот ветер, кој десетиците тони отрови ги носи над Струга – рече Положани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top