Министерот за култура Роберт Алаѓозовски денеска избркал од работа тројца вработени проефесионалци од министерството за култура, противправно прекинувајќи им ги законските договори, кои траат до крајот на годината – објави „Курир“.
Според порталот, немало посебно образложение за бркањето од работа, а за бркањето од работа не ги известил министерот, туку како на најголеми злосторници решенијата им ги доставил курирот од Министерство.
Согласно правната регулатива решението за прекин на договор мора да биде доставено најмалку 10 дена пред истото да стапи во сила. Луѓето кои се избркани имале договори за работа кои се на сила до крајот на годината.
Алаѓозовски брка професионални, за да обезбеди место за партиски кадри и луѓе од шарената платеничка револуција кои во минатиот период сакаа да се прикажат како големи експерти, а кои во моментот постојано се вртат во министертсвото за култура како Петрит Сарачини, Ѓунер Исмаил, Никола Нумовски од Плоштад Слобода и братучед на Шекеринска, Мирослав Грчев, Златко Теодосиевски, Владимир Лазовски, Петар Арсовски, Филип Јовановски и други учесници на платеничката револуција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.