| четврток, 6 декември 2018 |

Тинејџер од охридско со боксови изнудувал пари

СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.Ш. (19) од с.Слатино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,изнуда”.
На 12 март годинава околу 05.00 часот, помеѓу ул. „Цар Самоил“ и ул. „Боро Шаин“, К.Б. (45) од Охрид бил пресретнат и нападнат со боксови од страна на пријавениот.
Во тој момент К.Б. паднал и се здобил со скршеница на левата рака, а пријавениот му побарал 2000 денари.
К.Б. му ги дал парите, а по четири дена пријавениот телефонски повторно му побарал 4000 денари.
На 24 март годинава околу 21.00 часот пријавениот, со уште едно непознато лице, отишле во неговиот дом и на неговиот татко му кажале дека К.Б. треба да му врати 4.000 денари, упатувајќи закани по неговиот живот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top