| четврток, 6 декември 2018 |

Модел дизајниран од Македонец за 100 години БМВ

Во чест на стогодишнината од основањето на компанијата „Rapp Motorenwerke“  автомобилскиот дизајнер од Македонија, Дејан Христов го дизајнираше моделот „BMW Rapp 100th Anniversary“, концепт кој, и покрај тоа што ја има ознаката на „BMW“, нема никаква сличност со современите креации на баварскиот гигант. Но, со својот единствен изглед  остава голем впечаток.

Овој концепт, како што пишува порталот „Денар“, е замислен како двосед роудстер со сосема различна хауба под која може да се стави каков било мотор кој е достапен на пазарот. Го карактеризира многу мало предно стакло и едноставен ентериер кој е фокусиран на возачот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top