| четврток, 6 декември 2018 |

Солистички концерт на Кристијан Антовски на Фестивал на уметностите во Софија

На 15 јуни во 18,30 часот во рамките на Фестивалот на уметностите во Музичкиот центар “Борис Христов” во Софија, ќе се одржи солистички концерт на македонскиот оперски уметник Кристијан Антовски.

На програмата ќе бидат изведени дела од G.Hendel, M.Glinka, P.I.Tchaikovsky, W.A.Mozart, R. Leoncavallo, G.Donizzetti, G.Verdi, како и неколку обработки на традиционални македонски песни.
Кристијан Антовски на пијано ќе го придружува познатиот македонски пијанист Андреј Наунов
Оперскиот уметник Кристијан Антовски е роден 1984 г. во Скопје. Во 2007 г дипломира на Факултетот за музичка уметност во класата на проф. Биљана Јовановска-Јакимовска. Вработен е во Македонската Опера и Балет на чија сцена има изведувани главни и споредни улоги во оперите “Турандот”, “Волшебната флејта”, “Боеми”, “Италијанката од Алжир” и други
Проектот е дел од годишната програма на КИЦ на Р. Македонија во Софија и се остварува во соработка на нашиот Центар во Софија и Музичкиот центар “Борис Христов”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top